Илустрација / Фото: Нова Македонија

Вработена во кабелски оператор во Кратово денеска околу 10:30 часот во СВР Куманово пријавила дека преку смс-порака добиле закана за поставена експлозивна направа.

Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија денеска беа мета на лажна дојава на бомби, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата, во полиција било пријавено околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите, по што во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.