Илустрација / Фото: Влада

Родителите на 16-месечното бебе од Струга, кое беше донесено во болница со тешки повреди, добија кривични пријави.

Според информациите, А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 12 февруари 2023 околу 11 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел.