Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бојата на автомобилот може до одреден степен да влијае на ризикот од судир. Бојата на возилото не значи дека ќе избегнете несреќа, но може да ја намали веројатноста да ве удри друг возач кога возите безбедно. Сепак, не е неопходно да се избираат или избегнуваат одредени бои само во име на безбедноста. Дури и истражувачите што ја документираа врската помеѓу бојата на автомобилот и ризикот од судир предупредуваат дека тоа не е толку важно како однесувањето во возењето. Најважната работа што можете да ја направите за да бидете безбедни на патот е да вежбате одбранбени техники на возење

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ВРСКАТА ПОМЕЃУ БОЈАТА НА АВТОМОБИЛОТ И РИЗИКОТ ОД СУДИР

Најновите истражувања покажуваат дека и бојата на автомобилот е поврзана со ризикот од сообраќајна несреќа. Тоа значи дека возењето автомобил со одредена боја всушност може да ве изложи на поголем ризик од судар. Експертите велат дека при купување автомобил, не е важно само да се следат карактеристиките на возилото, неговата цена и изглед. Многу е важно да се внимава и на тоа која боја е автомобилот.

ЦРНАТА Е НАЈНЕБЕЗБЕДНА БОЈА НА ВОЗИЛО

Во последно време најнов тренд кај сопствениците на автомобили е купување возила во сива пастелна боја, а судејќи според возниот парк во земјава, најчести бои на возила се токму металик-сивите.
Сепак, според експертите што направиле истражување на оваа тема, за безбедноста во сообраќајот многу е важна и бојата на автомобилот. Сообраќајната наука евидентирала дека сообраќајните несреќи повеќе им се случуваат на сопствениците на возила со одредена боја.
Во неколку студии црните автомобили се издвоени како возила со највисока стапка на несреќи од автомобилите со која било друга боја.
Едно 20-годишно истражување на универзитетот „Монаш“ во Австралија покажа дека црните автомобили имаат до 47 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа. Во текот на денот, црните автомобили имаат само 12 отсто поголема веројатност да учествуваат во сообраќајна несреќа отколку белите возила, но бројот се искачил на 47 отсто во периодот на самрак и взори.
Во меѓувреме, „НРМА иншуренс“во 2004 година објави дека автомобилите со темна боја имаат 22 отсто поголема веројатност да бидат вклучени во сообраќајни несреќи, а штетите платени за несреќи со темни автомобили се 30 отсто поголеми од просечните штети. Тоа значи дека несреќите веројатно биле посериозни.
Причината, според експертите, е фактот што црните возила не се издвојуваат многу добро наспроти црните коловози. Во текот на ноќта, тие се уште потешко видливи за другите возачи.

СИВИ, ЦРНИ И СРЕБРЕНИ ВОЗИЛА

Иако сивите автомобили не се сметаат за опасни како црните, тие сепак имаат значително поголем ризик од другите бои на автомобили. Кога возите сив автомобил, имате 11 отсто поголем ризик да бидете инволвирани во сообраќајна несреќа, без разлика во кој дел од денот.
Сивите автомобили имаат поголем ризик од судир од истата причина како и црните автомобили: тие се вклопуваат во нивната околина. Сивите автомобили исто така потешко се гледаат кога има магла или дожд. Што се однесува на автомобилите со сребрена боја, заедно со сивата, црната и белата, тие доминираат речиси на секој пазар. Слично на сивите автомобили, автомобилите со сребрена боја имаат стапка на судир од околу 10 отсто повисока од автомобилите со друга боја бидејќи се вклопуваат во околината и тешко се гледаат на дожд и магла.
Сепак, некои истражувања покажуваат дека автомобилите со сребрена боја всушност може да бидат побезбедни, а не поопасни. Една студија покажа дека ризикот од сериозни повреди е околу 50 отсто помал кај автомобилите со сребрена боја во споредба со белите автомобили.

КОЈА ДРУГА БОЈА Е НАЈНЕБЕЗБЕДНА?

Ако црната, сивата и сребрената боја се едни од најризичните, еве што вели истражувањето за другите бои на возила и колкав е нивниот ризик во сообраќајот.
Зелените возила не се многу вообичаени денес, но зелената беше една од најпопуларните бои за автомобили во 1990-тите. Денес зелената е помалку популарна од неутралните бои, сина, црвена, па дури и кафеава.
Зелените автомобили не се многу популарни, но исто така не се многу безбедни. Зелената боја има тенденција да се вклопи во заднината на приградските и руралните поставки со малку повисок ризик од судир од белите и жолтите автомобили. Сепак, таа се истакнува во градските поставки, поради што можеби не е толку високо на листата на опасни бои како црната и сивата.

ИМА ЛИ НАЈБЕЗБЕДНИ БОИ НА АВТОМОБИЛ

Истражувањето вели дека ако сакате да го минимизирате ризикот од сообраќајна несреќа, секако, заедно со почитување на сообраќајните правила и прописи, важна е и бојата на автомобилот. Изборот на вистинската боја е доста важен, а според експертите, најбезбедни бои се оние што лесно се забележливи од страна на другите возачи и имаат добар контраст со патот на возење и околината.
Научниците едногласно велат дека белата се смета за најбезбедна боја на автомобил, со најмал ризик од удар. Според едно истражување, белите автомобили имаат 12 отсто помала веројатност за сообраќајна несреќа отколку црните автомобили, дури и во текот на денот.
Белите автомобили многу добро се видливи за другите возачи, а таа е и најпопуларната боја на автомобили во САД и во светот. Белата боја на автомобил нуди најголем контраст за другите учесници во сообраќајот, независно дали е прекуден или навечер.
Жолтата боја на автомобил, исто како и белата, се смета за најбезбедна боја. Во светот, на пример, од голема помош е тоа што жолтата боја е бојата на автобусите што ги превезуваат учениците, па возачите психолошки ја поврзуваат со претпазливост. Жолтите автомобили имаат помала веројатност од повеќето други бои да учествуваат во сообраќајни несреќи.
Постојат многу митови за црвените автомобили, вклучувајќи и дека тие добиваат повеќе казни за брзо возење или дека зад воланот седат возачи што сакаат внимание. Но, која е вистината? Истражувањето покажало дека црвената боја може да го намали ризикот да ве удри друг возач на патот.
Црвените автомобили не се сметаат за најбезбедни бидејќи имаат поголем ризик од судир од белите и жолтите автомобили. Сепак, црвените возила имаат помала веројатност да бидат погодени од сивите и црните автомобили. Истражувањата покажуваат дека нема голема разлика помеѓу ризикот од судир на црвени и сини возила.
Црвениот автомобил може да го намали ризикот од судир бидејќи бојата е поврзана со опасност, знаци за застанување и возила за итни случаи.
Многу ретко се случува да се види портокалово возило. Додека многу луѓе ја избегнуваат портокаловата боја, делумно поради воочената пониска вредност за препродажба на портокаловиот автомобил, портокаловите автомобили имаат тенденција да доживеат помалку несреќи од другите бои, дури и откако ќе се земе предвид нивниот низок пазарен удел.
Видливоста и светлата боја на портокаловите возила веројатно играат улога во избегнувањето сообраќајни несреќи.
Сепак, и да сакате да купите портокалов автомобил, многу тешко може да се направи тоа, бидејќи речиси нема, освен со порачка од производителите или, пак, сами да го пребоите возилото. Портокаловите автомобили сочинуваа само 0,5 отсто од автомобилите продадени на „Кармакс“ во 2019 година.

Бојата на автомобилот може до одреден степен да влијае на ризикот од судир

Бојата на вашиот автомобил може до одреден степен да влијае на ризикот од судир. Бојата на возилото не значи дека ќе избегнете несреќа, но може да ја намали веројатноста да ве удри друг возач кога возите безбедно.
Сепак, не е неопходно да се избираат или избегнуваат одредени бои само во име на безбедноста. Дури и истражувачите што ја документираа врската помеѓу бојата на автомобилот и ризикот од судир предупредуваат дека тоа не е толку важно како однесувањето во возењето.
Затоа, препорака за возачите е да внимаваат многу повеќе на главните фактори што придонесуваат да дојде до сообраќајни несреќи: брзо возење, возење под дејство на алкохол или наркотични средства, возење при умор, невнимателно возење при отежнати временски услови во сообраќајот, како и употреба на мобилниот телефонски апарат при возење…


Најчести фактори што го зголемуваат ризикот од сообраќајна незгода

Расеаното возење, како што е пишување пораки, разговор на телефон или јадење додека возите, е ризик-фактор за 9 отсто од сообраќајните несреќи.
Брзото возење е фактор за 26 отсто од жртвите во сообраќајот. Кога возите пребрзо или возите пребрзо за условите на патот, времето на реакција се намалува. Брзото возење исто така го олеснува губењето на контролата над вашето возило и ја зголемува сериозноста на повредите во сообраќајна несреќа.
Возење под влијание: Само возење во пијана состојба убива над 10.000 луѓе во САД секоја година.
Непријатно време: Дождот, снегот и маглата може да ги направат патиштата опасни и да го нарушат видот. Дождот е најопасниот вид на лошо време, бидејќи ги прави патиштата масни од претходно истечената нафта и масло од возилата.
Возење при умор: Истражувањата покажуваат дека сонливото возење може да биде поопасно од возењето под дејство. Околу 100.000 несреќи и 44.000 повреди секоја година вклучуваат возење при сонлива состојба.

[email protected]