Фото: ДТЗ

Утрово во скопски Чаир е разнесен банкомат.

Според информации од локалните жители се слушнала експлозија, поради што претпоставуваат дека станува збор за експлозив. Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот. Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе заврши увидот.

Нема повредени од експлозијата на банкоматот во Чаир, оштетени возила

Инаку, станува збор за банкомат на домашна банка, кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Д.Т.З.

Фото: Д.Т.З.