Дирекцијата за заштита и спасување го активира авионот „ер трактор“ за гаснење на пожарот на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во Беровско, во кој е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума.
Огнот зафатил 50 хектари, а поголемиот дел е исечена шума, според изјава на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за медиумите, кој додаде оти огнот засега не преставува опасност за населените места.
За потребите за гасењето на овој пожар од ДЗС работат со пет тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и осум возила.