Фото: Министерство за правда

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ќе трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда. Оттаму појаснуваат дека постапката за екстрадиција од наша страна е иста за сите земји.

– Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9.20 часот го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме, побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција – велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е првооосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.