Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот што вчера излета од патот кај Драчево.
Како што објави МВР, несреќата се случила на локалниот пат с. Количани – с. Драчево, скопско, кога „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. С. (19) од Скопје, излетало од коловозот.
-Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката С. М. (18) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и уште две сопатнички – М. Д. (20) и М. М. (18), двете од Скопје, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – велат од МВР.
Извршен бил увид.