Триесет и еден возач користеле полициски флешери и несоодветно затемниле автомобилски прозорци

Во периодот од 19.9.2022 до 25.9.2022, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на неисполнувањето на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата, санкционирани се 31 учесник во сообраќајот, од кои 30 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во возилата. За сите прекршители се подготвени соодветни поднесоци.


Фатен кратовец при превоз на мигранти од Сирија

Полициски службеници од полициската станица во Кратово го лишиле од слобода С.С. (20) од с. Туралево, Кратовско. На 25.9.2022, во 17.45 часoт, на регионалниот пат Р-1105, во правецот на крстосница Богданци – с. Фурка, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го забележале С.С. како со возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки, превезува лица мигранти. Тој и неколку мигранти побегнале од местото, а во возилото биле пронајдени три лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршиле инспектори од Одделението за прекуграничен криминал во Гевгелија и екипа од полициската станица во Гевгелија. По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници, возачот бил пронајден и приведен во полициска станица. Во координација со јавен обвинител, по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Тешко повреден малолетен пешак, откако бил прегазен од автомобил во Кавадарци

На 25.9.2022, во 19.53 часот, во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на ул. Шишка во Кавадарци, на излезот од населбата Глишиќ кон с. Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Н. (31) од Кавадарци, удрило во малолетен пешак од Кавадарци. Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од екипа на полициската станица во Кавадарци.