Фото: Игор Бансколиев

На 30.04.2021 во 16.15 часот било пријавено дека околу 15.30 часот, пред угостителски објект на плоштад „Македонија“, И.К.(37) од Јапонија бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.
На 30.04.2021 во 12.40 часот од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.А.(38) од Скопје, поради основано сомнение дека околу 05.30 часот физички ја нападнал М.Ф.(24) од Скопје, со која се познавале од претходно, на подрачјето на Центар, во стан во кој престојувала. По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.