Едно лице од Скопје било физички нападнато со тврд предмет додека извршувал работни задачи во сервис на подрачјето на Гази Баба, информира полицијата.

Од таму дообјаснуваат дека вчера во 18.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(50) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И.(36) од с.Сингелиќ, скопско.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, велат од МВР.