Од националниот парк Маврово синоќа пријавија дека биле украдени камери кои се користеле во набљудувањето на рисовите, соопшти МВР.

Вработен во НП Маврово пријавил дека во периодот од 29 март до 28 мај годинава биле украдени две видео-камери, поставени во атарот на село Требиште, во месноста Солиште.

Украдените камери биле користени во рамките на проектот „Заштита на балканскиот рис“.