Судот ги прогласи за виновни убијците на 20- годишниот Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири и им изрече казна затвор од по 19 години.

Во казната ќе биде засметано и времето поминато во притвор. Исто така судот ги задолжи и сами да ги подмират судските трошоци, како и да исплатат штета за нанесување на душевна болка на родителите на Саздовски.

Судот како олеснителни околности ги зема во предвид тоа што и двајцата се неосудувани, на оваа пресуда двајцата виновни за убиството на Саздовски имаат право на жалба во рок од 15 дена.

Третиот обвинет за убиството на Саздовски е недостапен за органите на прогон.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски, беше крвнички претепан во Автокоманда на 29 јуни минатата година. Од здобиените повреди, тој почина на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.