Таксист бил фатен како пренесува мигранти, синоќа кај наплатната рампа Сопот, на автопат Скопје-Гевгелија.

Полициски службеници го запреле возилото „форд фокус“, управувано од таксистот И.Т.(42) од Скопје, а во кое се превезувале тројца Кубанци. По насоки од Јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.