Фото: Игор Бансколиев

Екипата на „Нова Македонија“ сè уште е на терен во скопската населба Карпош, каде попладнево избувна пожар на дива депонија, покрај кејот на реката Вардар во близина на СЦ „Борис Трајковски“. 

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 5 противпожарни возила и 12 пожарникари. Побарана е и помош на екипите од “Улици и патишта” на град Скопје, со чии возила се очекува пожарот да се изгасне до 18 часот.

Најверојатно станува збор за намерно подметнат пожар, за кој не постои опасност да се прошири.