Судот не му дозволи на Миле Јанакиески од судењето за „ТНТ“ да оди на јавна седница во Апелацискиот суд, кој пак треба да донесе одлука за укинување за притворот кој му е одреден за предметот „Шпански скали”.

Судијата Огнен Ставрев дозволи само неговиот адвокат Еленко Миланов да присуствува на седницата.

– За ова има само еден збор. Греота е – прокоментира адвокатот Димитар Дангов.

Јанакиески е веќе 15 месеци во притвор, а бара да се брани од слобода бидејќи веќе е поднесен обвинителен акт, кој е на оценка во судот за тоа дали ќе биде прифатен или не.

Судијата Ставрев претходно посочи дека нема да дава паузи и дека ако треба судењето ќе трае до осум навечер.