Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случила помеѓу автомобил и мотор денес на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје, според неофицијални информации.

Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, а во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе информации.