Сообраќајот на патот Маврово-Дебар беше во прекин откако карпа паднала на коловозот, по претходно случена сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

Инцидентот се случил во 14.05 часот.

– Сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, на еден километар од браната, е во прекин, поради сообраќајна незгода, од која како последица се одронила карпа на коловозот – се вели во информацијата.

Сообраќајот е нормализиран во 14.30 часот.