Деветнаесет годишник од Кавадарци со возило „рено меган” со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и паднал со автомобилот во реката Луда Мара. Возачот успеал да се спаси преку отворање на задните прозорци од возилото, потврди МВР.

Несреќата се случила кај местото каде што се гради нов мост, токму поради недоволната безбедност на стариот и зачестеноста од сообраќајки.

Лиза Бендевска од МВР, изјави дека сообраќајката се случила на улицата „Страшо Пинџур” во Ваташа.

На местото биле повикани полиција и противпожарната единица, која веднаш пристигнала со две возила и тројца пожарникари.