24-годишна скопјанка била физички нападната во казино во скопската населба Шуто Оризари, известува МВР.

Вчера, околу 21.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот, во казино на подрачјето на Шуто Оризари, Ј. З. (24) од Скопје била физички нападната од Д. Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.