Ноќеска во два часот после полноќ се случило семејно насилство во село Волково, каде 22- годишно момче физички ги нападнало своите родители и братот, по што интервенирала полицијата. 

-На 14.12.2018 година околу 02,20 часот во село Волково, скопско, при семејна расправија, М.Г.(22) физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат. По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен- соопшти МВР.

Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.