Фото: Илустрација

Синоќа во 19.10 часот било пријавено дека во Штип, на улицата „Брегалничка“, „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки управуван од З.Х.(48) од Штип удрил во бетонски столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Џ.Х.(40) и уште еден сопатник на седумгодишна возраст, кои се пренесени во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.


Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Синоќа во 20.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ и ул. „Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Д.Е.(20) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението.