Со средства од ЈКП „Водовод“ Битола деновиве реконструирани се санитарните јазли во Инфективното одделени на Клиничката болница Битола.

ЈКП „Водовод“ како општествено одговорна организација со сопствени средства, во висина од 400.000 денари ги подобри условите за пациентите на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.

Оваа донација обезбеди комплетна реконструкција на санитарните јазли. Инаку и претходно ЈКП „Водовод“ издвои над 1,2 милиони денари за изградба на Модуларната болница.

М.М.