По информацијата што проструи дека полицијата извршила претрес во домот на режисерот Јани Бојаџи во Струмица, тој преку социјалните мрежи потврди дека е извршен претрес во куќа на неговите родители, а неговиот 75-годишен татко е приведен во полициска станица.

-Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!- напиша Бојаџи на својот Фејсбук профил.

Бојаџи e режисер на филмот  „Ругање со Христос“ кој предизвика бурни реакции, откако од страна на Министерство за култура врз основа на трејлерот беше оценет како скандалозен и контроверзен, филм кој може да наштети на соживотот во земјава.