Фото: Илустрација

Против 31-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава за обид за разбојништво во супермакркет на ул. „11-ти Октомври“.

Тој со огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите „дај ги парите, ќе те убијам“.

Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Вработената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.