Триесет и деветгодишен маж од Босна и Херцеговина е приведен во полиција, откако бил пријавен за напад врз поранешната девојка од Скопје.

Како што информира полицијата, изутринава во 4 часот во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, Л.Ј.(49) била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на С.Б.(39) од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.

С.Б. е приведен во полициска станица, информира МВР.