Пожар беснее на непристапен терен во атарот на селото Татар Елевци, коешто се наоѓа над Дебар. Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ се на терен во гаснење на пожарот.

Зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума. Од општината велат дека се прават напори за локализирање на пожарот, кој било тешко да се изгасне поради непристапниот терен.