Со силно полициско обезбедување, попладнево беше отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија, пренесе ТВ21.
Автобус на „Беса транс“ од сè уште неутврдени причини, околу 3 часот рано изутрина се превртел и потоа се запалил, а животот го загубија 45 патници, додека, пак, седуммина беа хоспитализирани во Бугарија.