Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.