На четврти јуни во раните утрински часови на автопатот Велес – Скопје, по пунктот „Македонија пат“, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три автомобили „ауди“, „фоклсваген“ и „мерцедес“, кој бил превртен.

Возилата со скопски регистарски ознаки претходно биле забележени кај Демир Капија, но не застанале на даден знак за запирање и продолжиле со движење кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.