Врз продавницата на неговото семејство ноќеска е фрлена експлозивна направа како што тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој информираше за инцидентот преку неговата официјална фејсбук-страница.

– Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017-та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!
Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи! – напиша Мисајловски.

Министерството за внатрешни работи го истражува случајот.

– На 21 јуни во 3.40 часот било пријавено дека на улица „Ѓорче Петров“ излегува
чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација. По
пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е
дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална
штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна
направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот – се наведува во соопштението на МВР.

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку. Околу 3 часот…

Posted by Vlado Misajlovski on Недела, 21 јуни 2020