Малолетник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди од струен удар соопшти полицијата.

Од таму објаснуваат дека вчера во 12.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од струен удар бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, на ул.„Скупи“ тој се обидел да земе жици од трафостаница.

Се работи на расчистување на случајот, информираа надлежните.