Жител на тетовското село Шипковица купил „бмв“ со фалсификувани евра. Сопственикот на автомобилот, иако знаел дека парите се лажни, се обидел да ги стави во промет.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против И.А. (45) од тетовска Шипковица и Б.Е. (48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.

Пријавениот И.А. се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил автомобил „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е., иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.