Крадец, вооружен со пиштол, се обидел да ограби билетара на ЈСП.

Според информациите на МВР, вчера во 19.35 часот во полиција било пријавено дека во билетара на ЈСП во близина на Зелен пазар на улица 11 Октомври, едно лице со закана со пиштол се обидело да украде пари од вработената З.Д.(60) од Скопје, но не успеало во намерата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.