Сеад Кочан, осуден во случајот „Труст“, нема индикација за болничко лекување, информираат повеќе македонски медиуми повикувајќи се на Министерството за здравство (МЗ).

Комисија од Министерството за здравство ја проверила медицинската документација на приватната болница за Кочан, утврдувајќи дека нема потреба за болничко лекување.

Кочан синоќа беше спроведен во затворот „Идризово“ откако
претходно, судот го отфрли како недозволено неговото барање за одлагање
на затворската казна.