Фото: Архива

Скопјанец пријавил во полиција дека доцна синоќа во неговиот двор во Чаир, непознато лице фрлило експлозивна направа, која предизвикала оштетување на оградата, вратата, прозорците и фасадата на куќата.

Во инцидентот нема повредени.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.