Фото: Илустрација

Утринава на патот Кичево-Гостивар кај местото викано Сеферов бунар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, додека две лица се тешко повредени. Учесниците во оваа сообраќајка се од Кичево и од Кичевско.

На оваа патна делница сообраќајните несреќи се чести. Со целосна информација за оваа трагична несреќа во текот на денот се очекува да излезе и МВР. З.А.