Единаесет правни субјекти треба да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер“ пресуди Кривичниот суд. Судијката Добрила Кацарска потенцираше дека доколку овие фирми немаат имот, побарувањата ќе се наплатат со конфискување на имотот на осудените во случајот.

Од правните лица, имотната корист која е прибавена со кривично дело од вкупен износ од 34 милиони 224 илјади 179 денари, се конфискува.

Доколку не можно од правните лица да се конфискува прибавената имотна корист, истата ќе се конфискува од сторителите на кривичните дела, соопшти судот.

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески на осум години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.