Дваесетгодишна девојка од тетовското село Копанце била киднапирана и физички малтретирана, соопшти МВР.

Настанот се случил вчера, кога Л.А.(20) од село Копанце, тетовско пријавила дека околу 10.45 часот во Тетово, додека била во еден трговски маркет од страна на Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице насилно била внесена во возило со кое потоа ја однеле во населба Теќе каде физички ја нападнале, при што и нанеле видиливи повреди.

По ова на оштетената и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.

Пријавениот Н.А. е лишен од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот.