Рано утрово, околу 09.00 часот, на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово била ограбена спортска обложувалница на компанијата „Евротип“.

Имено, во критичното време во обложувалницата влегло непознато лице со качулка на главата и вооружено со пиштол, и под закана од касата успеало да одземе одредена сума пари, по што побегнало во непознат правец.

Веднаш по настанот, откако ограбувачот ја напуштил обложувалницата (која е по 24 часовен видео надзор) вработеното лице го вклучило алармот. Набрзо на лице место пристигнала полиција која извршила увид на самото место. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот.

Т.Д.