На локалниот пат кој води кон селото Триводи, Струмичко, полициски службеници забележале товарно возило без регистарски ознаки.

Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото.

По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.