Двајца вооружени крадци ограбиле старец во Куманово во неговиот дом.

Според информациите на МВР, вчера во 22.40 часот во СВР Куманово Џ.И.(71) од Куманово пријавил дека околу 22.10 часот во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало пиштол.

Тие му украле пари и два мобилни телефони.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.