Дванаесетгодишно девојче кое управувало велосипед било удрено од автомобил на локалниот пат за селото Пласница-Македонски Брод кај м.в.„Курикамења“.

Од МВР велат дека возачот го напуштил местото на настанот.

На девојчето му е укажана помош во Медицински центар Кичево, а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.