Полицијата приведе двајца скопјани поради физички напад врз судија.
– На 6 ноември во 13.05 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле во полицска станица А.Н.(45) и Т.Ф.(42), и двајцата од Скопје. А.Н. бил приведен поради нарушување на јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување, а Т.Ф. затоа што физички го нападнал фудбалскиот судија Ј.Б. по завршување на фудбалскиот натпревар од младинската суперлига помеѓу Шкендија и Вардар – соопшти МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.