Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Сашо Мијалков, потврдувајќи ја одлуката на Кривичниот суд во Скопје, со што поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање останува во притвор во затворот во Шуто Оризари, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од Апелација.
Мијалков кој има две првостепени судски пресуди, е во притвор од 23 февруари. Тој бараше да му се овозможи домашен притвор преку жалбите во Кривичен и Апелација, за што понуди гаранција во имот од околу 10,8 милиони евра.