Поднесени се две кривични пријави против скопјани за поседување и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
-Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против скопјаните М.М.(32) и Д.П.(47) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ- информира МВР.
При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.