По нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој се случи доцна синоќа на тераса од угостителски објект во Дебар Маало, поднесена е кривична пријава против напаѓачот А.Џ.(28). Бислимоски (45) го пријавил нападот во полиција.
Од МВР информираат дека против напаѓачот ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.
Веднаш по пријавувањето на настанот, биле извршени разговори со сведоци, била обезбедена и видеоснимка од инцидентот, а бил извршен и разговор со пријавениот кој во целост го признал делото.
Според неофицијални информации, пред нападот врз Бислимоски претходела расправија.