Скопјанецот И.А (31) и жителката на Рустуше З.Р (34) синоќа се приведени од страна на гостиварската полиција, откако по претрес на изнајмен стан во Гостивар, каде престојувале, се пронајдени кокаин и марихуана.
Според СВР Тетово, вчера со судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршиле претрес во стан на улицата „Беличица“, сопственост на С.С. (57) од Чегране, Гостиварско.
– При претресот биле пронајдени и со потврда одземени, две најлонски ќесички со кокаин, една најлонска ќесичка со марихуана, алуминиумска фолија со кокаин, кокаин истурен на маса, една тетратка со напишани иницијали и суми на пари, наведоа од СВР Тетово.
Полицијата во Гостивар поведе понатамошна постапка за расчистување на случајот.