Фото: ДУИ

„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија која се создава во очекување на доаѓањето на народниот лидер Али Ахмети“, напиша денеска на социјалните мрежи вицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, како најава за утрешниот митинг на неговата партија во скопски Чаир. По неговата најава, и ДУИ испратија соопштение во кое го најавауваат митингот.

– Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија која се создава во очекување на доаѓањето на народниот лидер Али Ахмети. Големи и мали ќе дојдат да го видат и да ја слушнат пораката! Ви ветувам невиден спектакл на нашите дружења, особено за младите. Не пропуштајте да бидете дел од митингот и не дозволјувајте од други да слушнете како поминал историскиот митинг каде ќе се гради иднината! Понеделник, 20 март, 19 часот, сала Шабан Трстена, Чаир, Скопје! – напиша Груби на Фејсбук.

Овој собир во скопски Чаир доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахемти, за координатор на огранокот на партијата во Чаир го назначи Бујар Османи, место кое долго време му припаѓаше на Изет Меџити, лидерот на т.н. Огнена група која бара промени во врвот на партијата.