Децата од 15 градинки од Скопје и околината денеска цртаа и пееја на просторот Плочник во центарот на градот по повод 24 Мај, денот на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Оваа манифестација на отворено „Цртање на асфалт“, Детскиот културен центар „Карпош“ ја организира околу три децении.
– Детскиот културен центар Карпош од Скопје секоја година ја организира манифестацијата за цртање на асфалт. Впрочем, оваа манифестација е посветена на 24 Мај. Се реализира со нашите најмали и најмили, децата од сите градинки на територијата на Скопје и околината. Тие преку сопствени креации, односно испишување на буквите од азбуката и пеење на песни поврзани со нашата азбука го одбележуваат овој многу значаен ден за нас – вели директорката на „Карпош“ д-р Билјана Лалчевска-Серафимовска.
Фото: Маја Јаневска-Илиева