Фото: ЦУК

Во ЦУК, од вчера до денес имало пријави за 23 пожари врз коишто се интервенирало на отворен простор. Од нив еден е уште активен – во Прилепско и има еден новопојавен пожар, од утрово денеска во кривопаланечко.

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека во ТППЕ Крива Паланка во 7:50 часот е примена информација за пожар кај село Крлља, Општина Крива Паланка. На местото на пожарот е упатена екипа од 3 пожарникари со едно ПП возило. Во 8 часот за гаснење на пожарот во село Кркља, е упатена и екипа од 4 лица со едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Осогово“ од Крива Паланка во состав.

Инаку, денеска уште е активен пожарот од вчера, во Општина Прилеп (запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума). Инаку, заради брзото ширење на пожарот беше интервенирано со 3 авиони на ДЗС што направиле по два прелета.

Изгаснати пожари се во:

– Скопско, во општините Сарај 1 (запалена сува трева), Бутел 1 (запалена сува трева) и Аеродром 1 (запалено сува трева и отпадоци);
– Општина Прилеп 2 (сува трева, грмушки ) ;
– Општина Демир Хисар 1 (сува трева);
– Општина Охрид 1 (запалена борова шума);
– Општина Македонски Брод 1 (сува трева – ливади);
– Општина Дебар 1 (запалена сува трева);
– Општина Виница 1 (запалено сува трева);
– Општина Проби Штип, 1 (запалено стрниште);
– Општина Тетово 1 (запалена сува трева);
– Општина Гостивар 1 (запалена сува трева, и ѓубре);
– Општина Куманово 5 (запалени сува трева, стрниште);
– Општина Липково 1 (запалено стрниште);
– Општина Штип 1 (запалена сува трева) и во
– Општина Прилеп 1 (запалена сува трева)